Наши партнери
Булгартабак Холдинг е лидер на бугарскиот пазар и продолжува да го шири своето интернационално присуство нудејќи големо портфолио на производи. Булгартабак Холдинг е основана во 1947 година, и вклучува 11 поврзани компании во сите региони во земјата каде што се произведува тутун. Денес, Булгартабак Холдинг поседува четири производствени фабрики, од кои две фабрики за производство на цигари во Бугарија и една во Босна и Херцеговина, и една фабрика за преработка на тутун во Бугарија. Дополнително, Булгартабак Холдинг произведува преку 50 брендови и под-брендови на цигари во своите модернизирани фабрики користејќи високо-квалитетен домашен и увозен тутун. Меѓу познатите брендови се вбројуваат Victory, Eva, Prestige, Femina, Global, MM, Exclusive, Nevada и други.
Почнувајќи од 1ви октомври 2015 година, Тобако Холдинг Груп Македонија стана ексклузивен увозник и дистрибутер на цигарите на Булгартабак Холдинг за македонскиот пазар. Во моментот, ТХГ прави дистрибуција на добро-познатите брендови Eva Slims и Prestige, но набрзо компанијата планира зголемување на портфолиото со цел задоволување на вкусовите на конзументите на македонскиот пазар.




