Историја

 

Благодарение на нашите достигнувања во дистрибуцијата и развој на сопствени трговски марки, во април 2013 година се формираше Тобако Холдинг Груп Македонија. Со визија да бидеме најдобри, TХГ (THG) и во Македонија ќе ги пренесе гаранциите за своите меѓународни трговски марки, идентично и успешно како што тоа го прави многу години на пазарите во Албанија и Косово. Тобако Холдинг Груп (Tobacco Holding Group) Македонија ја започна својата дејност за дистрибуција на цигари од брендовите на Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco), како што се Лаки Страјк (Lucky Strike) и Пал Мал (Pall Mall). Нашата бизнис стратегија за развој се темели на потребите и барањата на потрошувачите, иновации на современите пазарни трендови, организација на тимска работа и позитивен дух – се со цел да направиме чекор напред преку стимулирање на сите наши вработени за професионален развој.

Успех, сериозност и професионално извршена работа од страна на вработените,   ја води Тобако Холдинг Груп во Македонија кон ексклузивното право добиено од Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco).