Кариера

Тобако Холдинг Груп (Tobacco Holding Group) континуирано инвестира во подобрување на деловната работна средина, соодветни услови за работа во магацинскиот простор, како и во бројката на вработени. TХГ (THG) обезбедува современа и пријатна атмосфера за сите свои вработени, чекори со кои покажува современа работна култура. Во хиерархијата на ТХГ (THG) секој вработен е почитуван, без разлика на работната позиција. Во моментов, Тобако Холдинг Груп (Tobacco Holding Group) во Македонија има 15 обучени и квалификувани вработени, распоредени според профилот на работа во соодветни сектори. 

Седиште

Седиштето на ТХГ (THG) во Македонија се наоѓа во модерно опремен бизнис центар, на простор со површина од 200 м2, со што, Тобако Холдинг Груп (Tobacco Holding Group) овозможува секој вработен да се чувствува удобно. Работните услови се согласно Европските стандарди, а нашите производи се складирани во соодветни магацински услови. 

Адреса: Булевар “Киро Глигоров“ 13, 1000 Скопје,  Македoнија
           

Како работиме

  1. Со почит и целосно информирање за трговската марка која ја претставуваме.
  2. Гордо ги претставуваме нашите трговски марки поради нивната светска репутација.
  3. Се фокусираме на клучните трговски марки.
  4. Правиме постојана промоција за нашите клиенти, за да се чувствуваат почитувани.
  5. Обезбедуваме достава по нарачки во согласност со дневните работни рути, дефинирани од релевантен менаџер.
  6. Организираме тренинзи и вршиме квалификациии на работниот кадар за сите нови продукти и иновации.
  7. Се идентификуваме преку брендизација на нашата работна средина, возен парк и сл.
  8. Потпишуваме ексклузивни договори со компаниите за продажба на големо и ХоРеКа (HoReCa).
  9. Преку секторот за маркетинг организираме големи настани, демонстрираме нови идеи и покажуваме креативност.
  10. Одделот за маркетинг соработува и комуницира со одделот за продажба и финансии, се со цел зголемување на продуктивноста.
  11. Промовираме нови производи, внесувајќи иновативност на македонскиот пазар.
  12. Ги почитуваме сите наши соработници и партнери, без исклучок.