продажба

Тобако Холдинг Груп (Tobacco Holding Group) има високвалификуван, динамичен и ефикасен оддел за продажба. Нашиот систем започнува со продажба „ врата до врата“ до многу различни типови продавници и до специфични клиенти, преку малопродажба, големопродажба, хипермаркети, па се до ХоРеКа (HoReCa) . Тимот за продажба претставува најголем оддел во ТХГ (THG), а освен тоа, претставува и клучен дел во функционирањето на Компанијата. Покрај нивната основна задача од која нашата компанија приходува, нашите претстaвници за продажба исто така:

  1. Остваруваат нови контакти и ги одржуваат постојните;
  2. Градат доверба кон клиентите преку постојана комуникација и следење на нивните потреби;
  3. Се грижат за клиентите во сите нивоа на меѓусебна соработка;
  4. Ги исполнуваат потребите на новите клиенти за интеракција и нивно запознавање со трговските марки;
  5. Ги зајакнуваат односите со веќе постојните клиенти преку промоции, попусти и постојана комуникација;
  6. Обезбедуваат најдобра повратна информација, имајќи ги во предвид потребите на клиентите како и пазарните трендови и промени.
  7. Ја зголемуваат свесноста за трговските марки, ја зајакнуваат лојалноста кон компанијата и ги зголемуваат приходите

 

структура: